“Пеп е ГОАТ меѓу тренерите, засекогаш го промени фудбалот!“

190

Некогашниот репрезентативец на Англија, Џејми Реднап кој сега е почитуван аналитичар, смета дека нема дилеми кој е најдобриот тренер на сите времиња.

По мене Пеп Гвардиола е ГОАТ меѓу тренерите. Во основа, денеска сите играат фудбал на начинот на Пеп, сите сакаат да го имитираат неговиот стил. Сите сега сакаат нападите да тргнуваат од позади, од одбраната. Досега мислевме дека тоа не е можно“ посочи Реднап.

Јасно е дека Алекс Фергусон и натаму е најтрофејниот тренер во Премиерлигата, не смееме да заборавиме на иконата на Ливерпул, Бил Шенкли, но сепак Пеп е Пеп.

Пеп за 14 години дури 11 пати беше шампион во Шпанија, Германија и Англија, со Барса, со Баерн и Сити и освои 48 трофеи. Можете да зборувате што сакате, ама само Пеп го промени фудбалот“ констатираше Реднап.

ПретходноЛазаревски лавовски се избори, а потоа му даде мангупски гол на Волф (ВИДЕО)
СледноФранко се врати во Аргентина, Вардар остана без лево крило