СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева
Македонските фанови и на ова Европско првенство дојдоа да ги бодрат ракометарите. Бројката е многу помала од претходните, а причината е добро позната – Германците ги купија речиси сите билети.
„Фалангата“ вчера пред мечот меѓу Македонија и Германија пред да влезе во „Мерцедес Бенц Арена“ се соочи со проблем. На македонските фанови им биле одземени знамињата со вергина. Дел од навивачите успеаја да ги внесат овие знамиња и порачаа: Нема толку обезбедување колку што ние имаме знамиња.
Македонија утре го игра последниот натпревар од групната фаза на ЕП, за противник ја има селекцијата на Швајцарија.