Миралем Пјаниќ е блиску до заминување од таборот на Барселона. Босанецот не се снајде во редовите на „Каталонците“ па сега најверојатно ќе се врати во Италија.
За него се шпекулираше враќање во Јувентус. Но, за „Старата дама“ приоритет е ангажман на Мануел Локатели, и така веројатно нема ништо од негов „кам-бек“ во Торино.
Најновите информации говорат дека менаџерот на Пјаниќ, Македонецот Фали Рамадани е на преговори во Милано, каде што преговара за трансфер на Босанецот во Интер.
Пјаниќ чека поволни вести од Барселона дека ќе се согласи да го пушти, и потоа ако се договорат двете страни, Босанецот ќе заврши во редовите на актуелниот италијански првак.