Синот на Дарио Шимиќ потпиша за Ред Бул Салзбург

331

Некогашниот хрватски репрезентативец и долгогодишен интернационалец, Дарио Шимиќ има со што да се гордее.
Неговиот син Роко Шимиќ е нов член на тимот на Ред Бул Салзбург. Шимиќ јуниор досега настапуваше за Локомотива Загреб, а заминува за Австрија во рекорден за клубот транфер од 4 милиона евра.

Шимиќ има само 17. години но дебитираше во ХНЛ на само 16. Има забележано триесетина сениорски настапи. Висок е 190. сантиметри и е вистинска перспектива на фудбалот во Хрватска. Се работи за класичен напаѓач, а во прво време ќе биде регистриран и за второлигашот Лиеферинг, за да може пред се да се навикне на австрискиот фудбал.

 

 

ПретходноБосанскиот голман го засили Евертон
СледноМиле Свилар ја одбира Србија