Официјално: Даниеле Де Роси ќе ја предводи Рома до крајот на сезоната! (ФОТО)

200

Сега веќе е и официјално. Рома има нов тренер, а тоа е Даниеле Де Роси, клупската легенда, големо име во фудбалот пред се во Италија, некогашен репрезентативец на својата земја.

Image

Откако раководството на клубот од Рим утринава му врачи отказ на Жозе Мурињо, неколку часа подоцна го назначи Де Роси за свој нов стратег. Договорот ќе биде со важност до јуни. Тоа значи ако Де Роси се покаже, односно ако докаже дека е вистинското решение, тогаш ќе добие продолжување на договорот.

ПретходноМитревски: Веруваме во себе, имаме квалитет да се носиме со Швајцарија!
СледноВасоски и Силекс ќе се “тестираат“ со Брегалница, Тиквеш, Воска, Пелистер…(ФОТО)