Наполи е активен на трансферниот пазар, а веќе се договорени тројца нови имиња. Заминаа Елмас и Зиелински, најавени се уште некои заминувања, па раководството работи на нови играчи.
Се работи за Хамед Траоре кој доаѓа од Борнмут, потоа напаѓачот на Верона, Сирил Нгонге и офанзивниот играч за врска Антонин Барак од Фиорентина.
Се шпекулира дека Траоре ќе дојде како позајмен, а Наполи има опција да го откупи за 25 милиони евра. За Нгогне се договорени 18 милиони евра плус 2 милиони во бонуси.
Со Антонин Барак се уште не е завршено. Фиорентина дала согласност за позајмица, но се очекува двете страни да договорат уште некои ситници и дали да биде вметната опција за откуп на договорот и за која сума.