Мексико се откажа од трката за домаќин на ЛОИ 2036

64

Мексико се откажа од кандидатурата за домаќин на Летните олимписки игри во 2036 година, објави претседателката на Олимпискиот комитет на земјата, Марија Хозе Алкала.

Во конкуренција за домаќин на овие Олимписки игри останаа повеќе земи и според најавите до крај ќе биде неизвесно кој ќе ја добие шансата да го организира најголемиот спортски собир.

Индија, Турција, Индонезија и Полска претходно се кандидираа за Олимпијадата во 2036 година и се уште остануваат во трката.

Марија Хозе Алкала додаде дека Мексико најверојатно ќе се пријави за домаќин на Панамериканските игри во 2027 година.

ПретходноДончиќ се врати со трипл-дабл, но Далас загуби во Калифорнија
СледноДефанзивецот на Тотенхем сега на позајмица во Брентфорд