Вториот тенисер во светот и втор носител на првиот Грен слем турнир во сезоната на Австралија опен, Шпанецот Карлос Алкараз, испушти сет во 2. коло, но по три и пол часа игра сепак го најде патот до победата против Италијанецот Лоренцо Сонего.
Актуелниот шампион на Вимблдон, Алкараз, во 3. коло ќе се сретне против Кинезот Јиучен Шанг. Ник Кирјиос, австралискиот тенисер кој е стручен ко-коментатор на Еуроспорт, му се обрати на Шпанецот.
„Ги гледав твоите натпревари, играш одлично. Но забележав дека носиш маичка без ракави. Твоите бицепси изгледаат фантастично, телото изгледа фантастично. Дали носиш таква маичка бидејќи јас носев минатата година? Дали ти бев инспирација?“.
Шпанскиот тенисер се насмеа на прашањето на Кирјиос, на што тој одговорил:
“Изгледа е така. Морам некако да ги исплашам противниците. А тоа не можам да го направам со лента за глава или дуксер. Се шегувам, се разбира”.