Гана два пати водеше, на крајот реми со Египет

103

Во вториот дерби меч на денот, репрезентациите на Египет и Гана одиграа нерешено 2:2 во 2.коло од групната фаза. Најтрофејниот во Африка извлече бод на крајот затоа што два пати бркаше негатива против „Црните ѕвезди“.
Селекцијата на Гана дојде во предност во последните секунди од првото полувреме кога Мохамед Кудус ја погоди мрежата. Потоа од 69. до 74. минута три гола. Прво изедначи Мармуш, а веднаш потоа „Црните ѕвезди“ дојдоа во предност со вториот гол на Кудус.
Но Египет се врати преку гол на Мостафа Мохамед. Утре се игра средбата меѓу Зеленортски острови и Мозамбик со што ќе биде комплетирано второто коло во групата Б.

ГРУПА Б
1. Зеленортски острови 3 бода
2. Египет 2
3. Мозамбик 1
4. Гана 1

ПретходноАл Итифак и Џерард потпишуваат соработка до 2027 година!
СледноРеал нема да го брани трофејот од Купот, елиминиран е од Атлетико