Од цел Балкан гигантот ја одбра Албанија за отворање на фудбалска академија!

12609

Како што и потврдија на своите социјални мрежи, а тоа јавно го кажа и премиерот Еди Рама, Манчестер Сити се одлучил од цел Балкан токму во Албанија да формира фудбалска академија, поточно тренинг – центар за развој на таленти од овие простори.

Драч е одбран за место каде ќе биде кампот на Сити.

Да потсетиме дека Манчестер Сити вакви центри има во Англија, Шпанија, Франција, Италија, Белгија, САД, Австралија, Јапонија, Уругвај, Индија, Кина и сега Албанија.

Се наведува дека оваа земја е одбрана поради развојот на фудбалот во Албанија, потоа поради фактот дека се пласирала на ЕУРО 2024, инвестирањето во овој спорт во таа земја,успешното организирање на финалето во Лигата на Конференции.

Секако дека ова проширувње на Сити на овие простори е важно за Балканот и за самиот клуб, но најважно е за фудбалска Албанија.

ПретходноЗагрижувачки вести за Вардар, Јапонецот се повреди!
СледноДибиров: Во Скопје живеев како во Холивуд, во Загреб никој не ме препознава