Селекторот на репрезентацијата на Танзанија, Абел Амруш е отпуштен откако доби суспензија од осум натпревари и парична казна од 10.000 долари од Африканската фудбалска конфедерација (CAF).
Казната беше изречена по изјавата на 55-годишниот алжирски стручњак за неговите коментари по поразот од Мароко со 3-0 во меч од групата Ф на Африканскиот куп на нации во Брегот на Слоновата Коска. Клучни за изјавата на Амроуш се две реченици во кои тој упати тешки обвинувања кон КАФ и Мароканската фудбалска федерација.
„Мароканската федерација е докажана сила во африканскиот фудбал. Мароко владее со фудбалот во Африка. Сакавме да играме светски квалификациски натпревар против Мароканците во попладневните часови, но КАФ го закажа натпреварот за вечер, како што беше барањето на нашиот противник“, изјави Абел Амруш за алжирската телевизија.
Како резултат на неговиот говор, имаше жалба од страна на Мароканската фудбалска федерација, која беше уважена и следеа строги казни за специјалистот.
Поради строгата казна Алжирецот беше отпуштен од Фудбалската федерација на Танзанија. На негово место беше назначен Хемед Мароко кој ќе го предводи тимот на претстојните два групни натпревари против Замбија и ДР Конго.
Tanzania Coach, Adel Amrouche has been banned for 8 games and fined $10,000 by CAF, after accusing Morocco of corruption.
He said Morocco decides everything in African football and choose Referees for games.
He made this statement after Tanzania lost 0-3 to Morocco at AFCON.… pic.twitter.com/1302ylQHqv
— Africa Facts Zone (@AfricaFactsZone) January 20, 2024