Јаневски позитивен на Ковид, Ј. Африка победи во финале!

1122

Чеде Јаневски, екс селекторот на Македонија и еден од нашите најдобри тренери е позитивен на Ковид-19. Се разбира дека му посакуваме што побргу да заздрави. Инаку тој сега е прв асистент во селекцијата на Ј. Африја, репрезентација која во финалето на COSAFA KUP успеа да го победи Сенегал на пенали и да го освои овој куп.

Интересно е тоа што на клупата на Ј. Африка не беа ниту селекторот Хуго Брос, ниту пак асистентот Чеде Јаневски, и двајцата поради фактот дека се позитивни на Ковид-19. Сепак и покрај тоа оваа репрезентација успеа да слави во финалето кое штотуку заврши.

Да кажеме и тоа дека подготовките на репрезентацијата на Ј. Африка ги почна самиот Јаневски, а ги водеше и поголемиот дел од тренинзите и натпреварите поради отсуството на селекторот Хуго Брос.

ПретходноЕуфорија на Силверстон, триумф за Хамилтон!
СледноПротивникот на Македонија тргна со победа во подготовките