ЕХФ на Начевски и Николов им додели дуел за полуфинале

5094

Најдобрата македонска судиска двојка ќе има уште една голема задача на Европското првенство кое се одржува во Германија. Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска (18 часот) ќе ја делат правдата меѓу актуелниот европски првак, Шведска и Португалија.

Со оглед на важноста на резултатот од оваа средба, ЕХФ одлучи да ги делегира македонските судии, кои имаат големо искуство зад себе.

Шведска и Португалија го делат второто место во групата 2, па победникот ќе направи голем исчекор кон полуфиналето.

Лидер е селекцијата на Данска со шест бода. Печат на полуфиналето оваа селекција ќе бара против Норвешка (20:30 часот). Денешната програма ја отвараат Словенија и Норвешка (15:30 часот), двете селекции имаат по два бода.

ПретходноЃоковиќ завери 1/4 финале во Мелбурн и одигра меч кој не е виден повеќе од 50 години
СледноЃоковиќ: Повеќе не играм за пари или за бодови!