Лилард и Адетокумбо ги уништија Пистонси (ВИДЕО)

91

Детроит Пистонс го доживеа третиот последователен пораз, но веќе 38-ми во 42 натпревари во сезоната во НБА. На домашен терен загуби од еден од најдобрите тимови на Истокот, Милвоки Бакс со 141:135, откако на шест минути до крајот имаше водство. Со ова темпо, Пистонси би требало да ја завршат сезоната со само осум победи, што би било негативен рекорд во НБА во сезона од 82 натпревари.

Демијан Лилард беше незапирлив постигна 45 поени и додаде 11 асистенции, додека Јанис Адетокумбо имаше 31 поен и 10 скока, и само една асистенција помалку од трипл-дабл. Бакс се втори на Истокот со скор 29-13. На другата страна Буркс имаше 33 поени.

Резултати: Детроит – Милвоки 135:141, Шарлот – Филаделфија 89:97, Вашингтон – Сан Антонио 127:131, Атланта – Кливленд 95:116, Њујорк – Торонто 126:100, Чикаго – Мемфис 125:95, Хјустон – Јута 127:126, Минесота – Оклахома сити 97:102.

ПретходноЃоковиќ: Повеќе не играм за пари или за бодови!
Следно20 поени на Јакимовски во поразот на Вашингтон