Селекцијата на Словачка, еден од противниците на македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023 година, ја имаше првата проверка во периодот на подготовките.
За прв противник Словаците ја одбраа репрезентацијата на Ирска, ја совладаа со минимални 85-84.
Наместо новиот селектор, Олег Мелешенко, тимот го преводел неговиот прв асистент Михаел Мадзин. Русинот имал позитивен тест на Ковид-19 и добил забрана да ја води селекцијата на овој меч, на кој очекувано, во преден план бил Владимир Бродзијански.
Крилниот центар на Хувентуд, и довчерашен соиграч на Ненад Димитријевиќ, средбата ја завршил со 26. реализирани поени, додека Дејвид Абрахам имал 20. Двоен број на поени, 12 имал и Фушек.
Деби во сениорскиот тим на Словачка направил 17. годишниот Тимо Маловец, но и Јурај Паленик и Јакуб Мокран.