Британски „Тајмс“ денеска пишува дека довчерашниот тренер на Рома, Жозе Мурињо, на почетокот на следнава недела закажал ручек со првиот човек на Наполи, Аурелио Де лаурентис. Весникот од свои извори дознава, дека претседателот на Наполи сака да види каков е ставот на Португалецот околу негов евентуален ангажман во Наполи следната сезона.
„Жозе Мурињо се стреми кон итно враќање на клупата на некој силен клуб по неговото изненадувачко отпуштање од Рома. Тој иа план да направи разговори со Наполи оваа недела. Тој искрено сака да остане во Италија и би прифатил понуда од клуб од Серија А. Мурињо ќе се сретне со сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, за да разговараат за преземање на кормиото на италијанскиот шампион“, пишува „Тајмс“.