Рускиот тенисер Андреј Рубљев се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен откако во пет исцрпувачки сета го порази Алекс де Минор. Ова беше 300. победа за Рубљев на Грен Слем турнирите доволна за пласман во 10-тото четвртфинале во кариерата.
Петтиот играч во светот славеше по повеќе од четири часа борба со 3:2 – 6:4, 6:7 (5), 6:7 (4), 6:3, 6:0. Противник во борбата за место меѓу четирите најдобри ќе му биде Јаник Синер, кој претходно денеска со 3:0 се „прошета“ во дуелот со Хачанов.
Четвртфиналниот дуел меѓу Синер и Рубљев е закажан за во вторник.