На Џирона не и треба помош од ВАР за да победува и да биде лидер во Ла Лига!

1227

Ете така се игра фудбал. Така се победува и без помош од ВАР како некои други клубови што добиваат така срамно. Се знае на кого се мисли по сите оние настани на мечот Реал Мадрид – Алмерија.

А “малата“ Џирона покажа дека може да победува и тоа со 5:1, без помош од ВАР. Со оваа нова победа над Севиља, сега Џирона повторно е лидер во Ла Лига со 52 бода, но и со меч повеќе од Реал Мадрид кој има бод помалку и меч помалку.

Гостите поведоа со голот на Ромеро во 10.минута. Сепак следуваше шоуто на Довбук со хет – трик за само шест минути од 13 до 19 минута за 3:1.

На 4:1 зголеми Циганков во 56.минута а Стуани во 89.минута ги постави конечните 5:1.

Нема што, блескавата Џирона не се дава така лесно, без разлика што против себе во битката за титулата го има тимот на РЕАЛ(ВАР).

ПретходноЛесно му е на Јуве кога го има Влаховиќ! (ВИДЕО)
СледноЧави: Цел свет виде што се случи во Мадрид!