Мората за нова победа на Атлетико (М)

123
0

Атлетико Мадрид дојде до минимална победа над екипата на Гранада во последниот меч од тековното коло во Ла Лига. „Јорганциите“ беа подобар тим од домашните и заслужија можеби и поубедлив триумф од 0:1, но неколку подоци на гостите беа поништени од ВАР.

Моментот на одлука беше во 55. минута кога Мората по асистенција на Гризман успеа да го совлада домашниот голман и да ги доведе гостите до предност.

Во завршницата на мечот домашните добија и црвен картон со што со десетмина во поле го завршија дуелот. Атлетико со оваа победа останува на 4. место на табелата во Ла Лига со 41 бод.

ПретходноГолгетерот на Ајакс го „откачи“ Тен Хаг: Останувам во Амстердам до лето
СледноРеал без Белингем на гостувањето кај Лас Палмас