Реал продолжи со Милитао и му стави неверојатна клаузула

366

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао го продолжи договорот со клубот до 30 јуни 2028 година, соопштија од мадридскиот клуб. Бразилецот заработи тешка повреда во август, но почна со тренинзи по долгиот процес на рехабилитација, а сега со Реал го продолжи договорот. Во договорот има откупна клаузула од 1 милијарда евра.
Едер со Реал освои осум трофеја вклучувајќи и два во ЛШ. Вкупно одигра 143 натпревари и постигна 11 голови. Инаку на „Бернабеу“ игра од 2019 година.

ПретходноСилекс ефикасно против Арсими
СледноШкупи одигра нерешено со унгарски Халадаш