После само една полусезона мината во Ал Хилал се чини дека Сергеј Милинковиќ – Савиќ не е задоволен од престојот во С. Арабија и покрај тие 20 милиони евра што ги зема годишно. Токму затоа тој сака да се врати во Европа, а медиумите во Италија веднаш побрзаа со шпекулациите дека Србинот би можел да се врати во Лацио на “Олимпико“.
Сепак утринава има продолжение на приказната, а таа вели дека за СМС силно е заинтересиран Јувентуст, кој покрај Влаховиќ и Костиќ посакува уште еден репрезентативец на Србија.
Од друга страна се наведува дека ако дојде до овој трансфер тоа би се случило на лето а не сега во овој зимски преоден рок.