Иако има понуди од неколку клубови од Шпанија, пред се од Севиља и Виљареал, сепак се чини дека Столе Димитриевски, еден од најдобрите голмани во Ла Лига ќе продолжи договорот со Рако кој му истекува во јуни.
Голманот на македонската селекција уште пред еден месец за „СпортСпорт“ најави дека и покрај понудите, големи се шансите тој да остане во Рајо.
Се разбира останува сега Рајо да му понуди значително подобар договор од тој што го има сега.
Оваа вест денеска ја пренесува “Ел Чирингито“.