И Судиската комисија призна дека ВАР направил две грешки во корист на Реал Мадрид!

1047

Она што цел фудбалски свет го виде, само не и членовите на Реал Мадрид и неговите фанови, тоа денеска го потврди и Судиската комисија во Ла Лига.

Имено се нагласува дека ВАР направил две големи грешки и тоа двете во корист на “кралевите“.

Во првиот случај за пеналот на Реал. Факт е дека имало играње со рака на фудбалерот на Алмерија, но претходно имало фаул од Ридигер и Хоселу врз гостински играчи. Значи ВАР требало да ја врати малку снимката.

Во вториот случај е голот на Винициус и неговото играње со рака. Кога нема доволно добри и квалитетни снимки тогаш ВАР не смее да го повикува главаниот судија и да му сугерира одлуката да ја поништи.

Во секој случај сега се е готово, РЕАЛ(ВАР) успеа да слави со 3:2 и да освои големи три бода во битката за титулата.

ПретходноСтоле не мрда од Рајо Ваљекано!
СледноТурски медиуми: Трабзон добил две понуди за Барди!