Екипата на Мајорка приреди изненадување во вториот натпревар од четвртфиналето од шпанскиот Куп елиминирајќи ја Џирона со 3:2. Домаќините одиграа одличен меч и заслужено ќе бидат дел од полуфиналето.
Екипата на Џирона која влезе во овој натпревар како голем фаворит според резултатите од Ла Лига, не успеа да ги исполни очекувањата на публиката.
Резултатот го отвори Ларин во 21-та минута, а по 7 минути на 2:0 зголеми Андон Пратс. До крајот на полувремето Пратс уште еднаш ја затресе мрежата на Џирона со гол од пенал во 35-тата минута.
Во второто полувреме Џирона се консолидираше и почна да притиска, па во 68-та минута Стуани погоди од пенал за 3:1. Откако Мајорка остана со играч помалку по исклучувањето на Раиљо, до крајот на мечот Џирона успеа да стигне и до втор гол во 96-тата минута преку Савио.
Мајорка ќе го чека својот противник во полуфиналето, додека пак Џирона ќе мора да се посвети на трката за титула во шпанската лига.