Брегот на Слонова Коска бара да го позајми селекторот на Франција за преостанатите мечеви на КАН!?

143

Фудбалската федерација на Брегот на Слонова Коска испратила барање до Француската фудбалска федерација да го „позајми“ Ерве Ренар за преостанатите натпревари од Африканскиот куп на нации.

Брегот на Слоновата Коска со огромна доза на среќа ја помина групната фаза како домаќин, откако ја совлада Гвинеја-Бисао и загуби од Нигерија и Екваторијална Гвинеја. „Слоновите“ завршија на третото место во својата група и само поволниот развој на натпреварите од последното коло во другите групи им овозможи да одат како една од најдобрите третопласирани селекции.

Сепак, пласманот во осминафиналето не го спаси селекторот Жан-Луј Гасе, кој доби отказ во средата. Така, на преостанатите натпревари до крајот на турнирот, селекцијата на домаќинот е без селектор.

Поради оваа причина, локалната федерација сака да го земе Ренар, која во моментов е на чело на француската женска репрезентација. 55-годишниот специјалист одлично го познава фудбалот во Африка. Тој беше на чело на Брегот на Слоновата Коска во 2014-2015 година, а раководеше и со Замбија, Ангола и Мароко.

ПретходноНиколов и Начевски ќе судат полуфинале на ЕП 2024
Следно„Билд“: Мбапе побарал од Реал над 400 милиони евра за пет години