Војна на градови: Барселона не попушта, ќе оди до крај да ја задржи трката во Ф1

754

Откако вчера се појави веста дека Мадрид од 2026 година ќе биде нов организатор на Шпанското ГП во Формула 1, денеска се огласија од патеката во Барселона, од каде очекуваат да го продолжат договорот со Формула 1.

Иднината на патеката Барселона-Каталуња е доведена во прашање, откако Ф1 се согласи на промена на местото на одржување на Шпанското ГП. Многумина очекуваат дека како резултат на тоа, трката во Барселона ќе го загуби местото во календарот на Формула 1. Сепак, министерот за економија во каталонската влада, Роџер Торент, изјави дека преговорите за продолжување на договорот за Големата награда на Барселона продолжуваат.

Организаторите се подготвени да ја извршат потребната модернизација на патеката и инфраструктурата.

„Имаме договор за одржување на Големата награда до 2026 година. Ние, како што потврди Стефано Доменикали, работиме на продолжување на овој договор, што ќе ни овозможи уште многу години да уживаме во Ф1 Гран При во Каталонија“, вели Торент.

ПретходноАтлетико последен полуфиналист во Купот на Кралот
СледноЈокиќ се спаси – можеше да настрада посериозно (ВИДЕО)