За Балде сезоната е веќе завршена?

356

Алекс Балде најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повредата која ја заработи на вчерашниот куп натпревар со Атлетик (Б).

Дефанзивецот на Барселона ја повреди тетивата за време на натпреварот во Билбао и беше заменет уште во 23. минута.

Медицинската служба на клубот моментално ја разгледува опцијата играчот да оди на операција или да се придржува на конзервативен третман. Балде ќе биде подложен на дополнителни прегледи утре.

Ако мора да оди на операција, сезоната за Балде ќе биде речиси завршена.

ПретходноСинот на Тоти стана соиграч на Столе во Рајо Ваљекано
СледноНаполи не застанува, купува дефанзивец од Удинезе