Решен е еден од аминистративните проблеми во ФК Вардар. Клубот изминативе неколку дена го реши проблемот со голманот Александар Кировски од Србија кој преку ФИФА го блокираше клубот и од истите причини „црено-црните“ добија забрана за трансфери.
Финансиите се подмирени, Кировски го потпишал документот и сега прашање е на часови кога неговиот адвокат ќе ја информира ФИФА, а таа ФФМ за отстранување на забраната.
Вардар со години се соочува со вакви блокади и тужби но ете крајот се гледа а случајот со Кировски беше еден од последните. За сума од 10.000 евра беше блокадата и тоа од голман кој не одигра ниту една минута за клубот, а заработи околу 150.000 евра. Тоа е подарокот од легендите кои го менаџираа клубот и кои го доведоа до ова дереџе. Таа пуста „вардаризација“….