Атлетико Мадрид ги победи во трката бројни клубови меѓу кои Манчестер Јунајтед и Арсенал во трката по младиот белгиски фудбалер Артур Вермерен. Се работи за фудбалер од средниот ред кој има 18 години и веќе има два настапи за сениорската репрезентација, а доаѓа од редовите на Антверпен.
Тој е дете на Антверпен, а дебитираше за првиот тим во 2022 година. За една и пол сезона има 47 настапи во Про лигата и вкупно 65 за најстариот белгиски клуб.
Атлетико за него плати 18 милиони евра, а тој потпиша шест и пол годишен договор.
Кога сме кај Атлетико да споменеме дека мадридскиот клуб го продаде голманот Иво Грбиќ на Шефилд Јунајтед.