Блескавата, магичната Џирона не знае за доста. Па така попладнево на гости кај Селта успеа да триумфира со 0:1 и со тоа да се врати на лидерската позиција на табелата во Ла Лига. Стрелец на победничкиот гол беше Порту во 20.минута.
Сепак треба да се каже дека гостите во самиот финиш имаа и малку среќа ако се знае дека домашните фудбалери имаа неколку опасни закани и можеше лесно да се случи овој меч да заврши без победник.
Со овие три бода Џирона, како што рековме, повторно е лидер со 55 бодови по 22.коло, еден повеќе од вториот Реал Мадрид, но „кралевите“ имаат и меч помалку.
🇪🇸 Goal: Portu | Celta Vigo 0-1 Gironapic.twitter.com/cN7RSAykUq
— FootColic ⚽️ (@FootColic) January 28, 2024