Досегашниот член на тимот на Челзи и младински репрезентативец на Англија, Марк Геи е нов член на тимот на Кристал Палас.
Стоперот минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во Свонски, а сега е најновото засилување на новиот менаџер на Палас, Партик Виера.
Кристал Палас, за него плати помалку зачудувачки 23.3 милиони фунти, што е сериозна сума за играч кој речиси и да нема Премиерлигашко искуство. Потенцијал да, но Виера очигледно и тоа како многу верува во овој плад стопер што го плати толку многу пари.