Пад на Ивановски на АТП-листата, Ѓорческа на 243.то место на ВТА-листата

153

Најдоброрангираниот македонски тенисер Калин Ивановски на рангирањето по завршувањето на Австралија опен има пад од три места и сега се наоѓа на 329.то место на АТП ранг-листата со 157 поени или два помалку од претходното рангирање пред две недели.

Горазд Србљак има пад за 10 места со истиот број поени (10) и се наоѓа на 1067.то место, додека Обрад Марковски има скок за 10 места со три поени и е рангиран на 1445.то место.

Во конкуренција на двојки Ивановски има пад за девет места и се наоѓа на 685.то место со 71 поен. Берк Бугариќ е на 1351.то месо (скок за две позиции) со 16 поени. Обрад Марковски има пад од 102 места и сега е на 1868.то место со пет поени (два помалку од пред две недели), а Елдин Хусеиновиќ има пад за пет места и се наоѓа на 2135.то место со 3 поени.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во Мелбурн во квалификациите на Австралија опен се наоѓа на 243.то место со 312 поени. Таа за учеството во квалификациите на Гренд слем турнирот – 1.коло освои два поена. Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска нема промени во рангирањето и поените со 9 поени се наоѓа на 1216.то место.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад од пет места и се наоѓа на 377.то место со 226 поени.

ПретходноТажна слика: Дали Лука Модриќ ќе го оствари незамисливото?
СледноВардар почнува со пријателските, за старт полски Заглебје