Анчелоти краток и јасен: Модриќ беше совршен

211

Лука Модриќ по сите пишувања дека повеќе е на клупата на Реал Мадрид синоќа ги одигра сите 90 минути во победата на гостувањето кај Гетафе од 2:0 во 20. коло од Ла Лига. Шпанските медиуми пред натпреварот пишуваа дека хрватскиот капитен би можел да стартува на клупата за резерви, но тренерот Карло Анчелоти му ги даде цели 90 минути. Модриќ беше на високо ниво, а по натпреварот Анчелоти го пофали.

„Лука Модриќ беше перфектен, најдобар со топката. Ја контролираше целата игра, беше многу добар“.

Анчелоти потоа додаде дека Реал одиграл одличен натпревар и дека е задоволен. На крајот истакна неколку имиња: „Винисиус, Белингем, Валверде, Модриќ…

„Го сакам нивниот стил на игра и нивната поврзаност на теренот“.

ПретходноФранцускиот ракометар кој беше приведен поради обид за силување е на слобода!
СледноПелистер и МЗТ Скопје пред нови АБА2 предизвици