Бабиќ: Извлеков поука од Пик Сегед, имаше лоша сезона, но на крајот стана првак!

255

Со неколку нови имиња во своите редови и со желба за успешна сезона, ракометарите на првиот тим на Е. Пелистер попладнево ги стартуваа подготовките. Покрај прозивката која ја ивзрши стратегот Жељко Бабиќ, беше одработен и првиот тренинг.

Планот на подготивките е следниот:

Од 19 до 23 јули ќе се работи во Битола. Потоа до 30 јули ќе се престојува во Маврово, . Од 1 до 11 август ќе се играат подготвителни натпревари, додека на 11 август закажан е Суперкупот на Македонија меѓу Е. Пелистер и Вардар. На 21 август се игра 1/4 финалето од СЕХА лигата со Мешков Брест.

Инаку нови имиња во таборот на Е. Пелистер се Реиние Табадоа (Данкерк), Јосип Божиќ – Павлетиќ (Гепинген), Филип Ивановски (Е. Пелистер-2), Мартон Секељи (Порто) и Немања Обрадовиќ (ППД Загреб).

Свој коментар имаше и сратегот Жељко Бабиќ…

Добро е што поголемиот број од ростерот остана ист. Засега не можам да говорам за начинот на игра на екипата. Само што започнавме со подготовките, набрзо ќе ја имаме првична слика. Извлеков поука од ПИК Сегед, кој имаше лоша сезона, но на крајот стана првак“ посочи Бабиќ.

Инаку тој истакна дека Е. Пелистер има подобар тим од лани.

Имаме многу добар тим, подобар од лани и убеден сум дека оваа сезона ќе биде многу добра за нас. И Вардар во сезоната влегува со подобар тим, мислам дека ќе се води голема битка во домашниот шампионат“ заврши Бабиќ.

ПретходноСтанковиќ му помага на Пандев, Маронг во нападот на Академија!
СледноЖдрепката за новата сезона во ПМФЛ поместена за на 26 јули!