Кошаркарите на Феникс 2010 ја остварија и четвртата последователна победа во домашниот шампионат, откако вчерва на домашен терен го победија Гостивар со 105:90.
Клучна за победата излезе втората четвртина во која Феникс 2010 направи предност од 13 поени, за на пауза да замине со плус 17. Гостивар одигра рамноправно второ поолувреме, но немаше сили за пресврт.
Рис со 27 поени доминираше на паркетот, додека кај Гостивар Инграм заврши со 28 поени.