Детето на Реал обезбеди реми за Атлетико на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

460

Со гол во судиското продолжение, Атлетико (М) се спаси од пораз на вечерашното готување кај лутиот градски ривал и лидер на табелата, Реал (М). Дербито на 23. коло заврши без победник – 1:1.

Реал поведе со голот на Брахим Дијаз, но Маркос Љоренте во судиското надополнување го шокираше „Сантијаго Бернабеу“ и ја остави отворена трката за титулата.

Карло Анчелоти имаше бројни проблеми со составот, откако во текот на неделата се повреди Антонио Ридигер, а денеска и Винисиус Жуниор на загревањето, па во последен момент во стартниот состав влезе Брахим Диаз. Сепак, тоа се покажа како позитивна работа за Реал, бидејќи Диаз во 20. минута беше на вистинското место за водство на Реал од 1:0.

Атлетико имаше неколку шанси за израмнување, но и Реал пропушти изгледни можности да зголеми. Во последните моменти од мечот Депај ја подигна топката со глава, а на неа налета Љоренте и со глава ја испрати под гредата за 1:1.

ПретходноГати со автогол го реши Дербито на Италија, Интер ја зголеми предноста на врвот
СледноНикола Јокиќ со стара финта го понижи Ајтон (ВИДЕО)