Откако пред неколку дена излезе информацијата дека Ал Хилал му нуди на Мохамед Салах 300 милиони евра за тригодишен договор, попладнево фудбалскиот свет е шокиран од сумата која Ал Итихад му ја нуди на Ливерпул за Салах.
Имено клубот од С. Арабија им нуди на “Редси“ 200 милиони евра како отштета. Ова го пишува „Атлетик“, се разбира дека оваа е понуда која не се одбива така лесно, опдносно не се одбива никако.
Сега Ливерпул е на потег.
Да кажеме дека Салах со Ливерпул има договор до 2025 година и јасно е што ќе прави клубот од „Енфилд“.