Лука Станковски и официјално во пролетниот дел од тековната сезона ќе го носи дресот на Тузласпор, второлигашка екипа од Истанбул. Тој таму ќе игра како позајмен играч на Газијантеп.
Секако дека ова е добра одлука на самиот Станковски, неговиот менаџер и неговиот клуб Газијантеп, се со цел младинскиот репрезентативец на Македонија да има што поголема минутажа и да игра редовно.
Инаку Лука Станковски пред точно две години, во јануари 2022 направи трансфер од Работнички во Газијантеп.