Истече рокот на размена на играчи во НБА лигата, а Бојан Богдановиќ од Детроит Пистонс премина во Њујорк Никс. Тој е најголемата ѕвезда на последниот ден од преодниот рок како единствен играч со просек поголем од 20 поени.
Богдановиќ заедно со ветеранот Алек Буркс е разменет во Никс за Квентин Гримес, Еван Фурние, Рајан Аркидиакона, Малачи Флин и два идни избори во втората рунда од драфтот.
Друго најзвучно име кое е разменето е Гордон Хејвард, ол-стар играчот од 2017 година, од Шарлот прејде во Оклахома Сити.
Севкупно се разменети 37 играчи во 14 трејдови.
Трејдуван е и Василије Мициќ и тоа од Оклахома во Шарлот. А Шарлот го испрати во Оклахома Гордон Хејворд. Оклахома освен од Мициќ се ослободи и од Давис Бертанс и Тре Ман.
Еве и уште некои од размените: Бостон го испрати Далан Бантон во Портланд за заштитен избор на втората рунда од драфтот, Голден Стејт го испратија Кори Џозеф во Индијана во замена за избор во втората рунда од драфтот.
Милвоки Бакс ги раздвоија близнаците. Брук Лопес останува во тимот како стартен центар, додека брат му Робин оди во Сакраменто Кингс.
Торонто го испратија МВП на Светското првенство Денис Шредер во Бруклин Нетс во замена за Спенсер Динвиди. Во Бруклин оди и ветеранот Тадеус Јанг.
Далас Маверикс направија два трејда во последниот ден, од Шарлот го донесоа крилниот центар и одличниот шутер Пи Џеј Вашингтон во замена за Грант Вилијамс, Сет Кари и избор во првата рунда на драфтот во 2027 година. Исто така од Вашингтон го донесоа Даниел Галфорд на местото на Ричаун Холмс.