Кожуф ја засили одбраната со Томица Петров

397

Централниот бек Томица Петров се враќа во старото јато. Тој повторно е член на второлигашот Кожуф и ќе му помогне на гевгелиската екипа во вториот дел од сезоната во ВМФЛ.

Се работи за искусен фудбалер кој освен во Кожуф играл и во Грција (Касторија, Алпомос, Едасаикос), потоа Брегалница Штип, Металург и Турново.

Претходно Кожуф ги потврди играчите од средниот ред Мартин Петровски, Васко Коцев, Благојчо Стојанов, потоа напаѓачот Метин Иљази, левиот бек Никола Најдовски, голманот Борче Картов, крилото Дејвид Митревски.

ПретходноБојан Богдановиќ најголема ѕвезда на последниот ден од НБА преодниот рок
СледноДраматичен пораз на Партизан, Франциско со тројка во последната секунда ја замолкна Арената