Во Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), се смирија стратстите откако иницијаторите добија лекција како не треба да се руши актуелно раководство на една спортска институција. Иако „големите сили“ беа против Даниел Димевски тој со малите федерации ја доби довербата и остана на престолот. Навидум неговиот мандат е на 4 години, но ова беше само прв бран на напад на МОК каде може се да се очекува на есен, по ЛОИ во Париз, по целокупните настани кои ја очекуваат земјава оваа пролет.
Сепак Димевски покажа сила не само со гласови туку и со зборови. Тој најави дека ќе биде фактор за нов закон за спорт, за нови директори во АМС (Агенцијата за млади и спорт). А тој од позиција советник на поранешен премиер дојде во МОК. Каде е законот за спорт, што е со ваучерите, зошто сега најблиските негови соработници како Наумче Мојсоски (директор на АМС), и Перо Антиќ (претседаел на кошаркатската федерација) му го свртеа грбот.
А зборовите…
„Вас ве имам (мисли на делегатите), со вас сум најјак…Ако сите ние се држиме јако, ама баш јако, никој ништо не ни може. Во периодот кој следи сите ќе стојат мирно пред нас“, најави Димевски во својот говор по добивањето на новиот мандат.