Хаос во Германија: Мечот меѓу Хамбургер и Хановер беше во прекин дваесетина минути!

197

И дефинитивно фудбалот во Германија е нешто повеќе од живот за сите фанови. Па така одлуката на Германскиот фудбалски сојуз да им се дозволи на странски инвеститори да можат да влегуваат во клубовите наидува на гнев кај фановите. Тоа најубаво се виде вечерва на мечот од втората Бундеслига меѓу Хамбургер и Хановер, кога во второто полувреме беше во прекин околу 20 минути.

Image

Фановите на двете екипи заеднички протестираа по оваа одлука, а посебно гостинските фанови се прославија со тоа што покажаа транспарент со мета на кој е претседателот на нивниот клуб и заедно со домашните фанови пееја песни против Германскиот фудбалски сојуз. Домашните фанови пак на еден од головите поставија ланци со катанци.

Ова се случуваше при резултат 2:3 за гостите кои на крајот победија со 3:4.

ПретходноПредраг Мијатовиќ парично казнет поради финансиски малверзации!
СледноБарселона нема пари, ќе мора да го продава Де Јонг за 100 милиони евра!