Салернитана го избрала Фабио Ливерани за трет тренер оваа сезона, откако реши да го отпушти Пипо Инзаги. „Скај Спорт Италија“ пренесе дека Ливерани ги договорил личните услови со клубот и ќе стави потпис на договорот во недела. Договори ќе трае до 30 јуни.
47-годишниот Ливерани се враќа на клупата на некој тим во Италија, откако имаше кратка авантура на клупата на Каљари.
Инзаги ја презеде работата во Салернитана на 10 октомври и оствари три победи, четири нерешени и 11 порази во Серија А и Копа Италија.