Футсал: Македонија вечерва и гостува на Романија во последниот меч од квалификациите за ЕУРО

118

Вечерва од 18 часот на програмата е 6.коло, воедно и последно од квалификациската група 4 за пласман на ЕУРО во футсал. Македонија од 18 часот и гостува на Романија, натпревар кој се игра во Темишвар. И на овој дуел, како и на оној пред четири дена во Скопје против селекцијата на БиХ, нашиот селектор Васко Скендеровски нема да може да смета на неколкумина свои стандардни репрезентативци, и на овој натпревар Македонија ќе биде драстично ослабена.

Сепак со оглед на добрите игри во целиот тек на квалификациите и со нови мотиви за добар резултат, може да се очекува против Романија уште една наша добра партија и тоа за крај на овие квалификации.

Во пресрет на вечерашното 6.коло во групата, нашата футсал репрезентација се наоѓа на 4. место со освоени два бода од изминатите пет натшревари.

Па така ако сака да го избегне последното место во групата, со оглед на тоа дека Романија е трета, Македонија ќе мора да победи во Темишвар.

ДВОЈКИ ЗА 6.КОЛО – ВЕЧЕРВА (18 ЧАСОТ)

РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА

БИХ – СРБИЈА

ТАБЕЛА

1.БИХ 15 бодови

2.СРБИЈА 6

3.РОМАНИЈА 3

4.МАКЕДОНИЈА 2

ПретходноСара Ристовска и ЦСКА против Кристијансанд во полуфиналето на Ф4
СледноФУТСАЛ: Македонија без стандардните катастрофално изгуби од Романија (9:1)