Момците на Микаел Артета ја остварија и четвртата последователна победа во Премиерлигата, откако денеска на гостувањето кај градскиот ривал Вест Хем обезбедија фантастична победа од 0:6. „Топчиите“ буквално издоминираа на дуелот со „чеканите“ и покажаа дека со Манчестер Сити и Ливерпул остануваат рамо до рамо во битката за шамионската титула.
Прашањето за победникт на мечот беше решено за само 15 минути. Арсенал од 32 до полувремето успеа дури четирипати да ја погоди домашната мрежа и да обезбеди фантастична предност на паузата од 0:4. Салиба, Сака (пенал), Габриел и Тросар погодија во првите 45 минути и на Арсенал му донесоа голема предност од 0:4.
Убедливата победа беше најавена со уште два брзи гола во 63. и 66. минута, кога Сака и Рајс постигнаа нови погодоци и зголемија на 0:6.
Несомнено, за Вест Хем и менаџерот Мојс ова беше еден од најслабите мечеви во сезоната.