Македонската кошаркарска репрезентација на 23. овој месец ја започнува битката за враќање на европската карта на која ја нема од 2015 година. Прв противник на избраниците на Александар Јончевски во квалификациите за ЕП 2025 година е селекцијата на Естонија. Мечот се игра во „Кале“, а билетите можат да се набават уште денеска по цена од 250 денари.
Во овој февруарски прозорец, Македонија ќе игра против Полска на гости.