Утревечер во меч од Ла Лига се среќаваат Реал Мадрид и Севиља. Ништо посебно што е вредно за било каква најава, тука мислиме на фудбалскиот свет надвор од Шпанија.
Но! Има тука едно но…
А тоа е дека во одбрата на гостите од Андалузија ќе биде Серхио Рамос, легендата на Реал, иконата на Реал.
Рамос мина 17 сезоби во “белиот“ дрес, беше долгогодишен капитен, освои се што можеше да се освои.
Сега сите се прашуваат дали Рамос ќе се радува на “Сантијаго Бернабеу“ ако му даде гол на “својот“ Реал?
„Видете, ако постигна гол јасно е дека нема да го славам. Сепак, ако тој гол биде вреден за победа на мојот сегашен тим против Реал, тогаш секако дека ќе бидам среќен“ истакна Рамос.