Познато е дека Лучано Спалети не важи за тренер-диктатор. Ги остава своите фудбалери до некои ниво да прават што сакаат.
Сепак некои работи се менуваат кога станува збор за актуелниот селектор на Италија.
Имено тој забрани користење на Плејстешн за време додека играчите се во репрезентацијата на Италија:
“Одиме на ЕУРО 2024 во Германија да ја освоиме титулата, а не да играме `игрици`. Не ми се допаѓа тоа што играчите знаат до рано изутрина да бидат со Плејстешн, затоа дојде оваа забрана. Мора да бидат сконцентрирани на својот настап. Паметните телефони нема да им бидат земени, но не смеат да се користат кога тие ќе сакаат. Посебно не за време кога се на физикална терапија или во соблекувалните, да не говорам на заедничките состаноци и за време ручеците, вечерите и слично“ посочи селекторот на Италија.