Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не го криеше разочарувањето по ремито со Алмерија (2:2) и се посочи себе како главен виновник за слабите резултати на гостински терени од почетокот на сезоната.
„Направивме се што можевме за да победиме. Имавме шанси, но не ни одеше. Секогаш мора да играме со 100% од нашите способности. Почнавме добро, но пропуштивме неколку шанси по раниот гол. Не бевме доволно цврсти во одбраната и двапати им дозволивме да го изедначан резултатот. Ми се допадна енергијата во нашата игра, но денеска не беше доволно“, прокоментира Симеоне.
„Зошто има толку голема разлика во нашите резултати дома и гости? Затоа што тренерот не го подготвува добро тимот за гостувања. Немам друго објаснување. Загубивме многу бодови на гостински терени и одговорноста е моја“, истакна Аргентинецот.