Динамо на Ристовски и Адеми со гол од пенал во 90+5.минута успеа да слави во дербито на ХНЛ!

134

Динамо – Ријека 1:0 е исходот од големото дерби во елитната лига на Хрватска, одиграно попладнево на “Максимир“ во Загреб. Немаше голови се до 90+5.минута кога беше покажан пенал за “модрите“ а сигурен пеналџија беше Бродиќ за водство од 1:0 и за победа.

На овој меч Стефан Ристовски беше стартер кај Динамо и беше во игра се до 87.минута, додека Аријан Адеми влезе во игра во 58.минута.

Со оваа победа Динамо сега има 47 бодови и е трет но по одиграни 23 меча. Прва е Ријека со 50 бодови но со меч повеќе, како и вториот Хајдук кој има 49 бодови.

ПретходноЃоргиевска: Шпанија е велесила, од овие дуели можеме да напредуваме!
СледноМојсов: Ова е екстремно важна победа за Тиквеш!